Дејан Павловски е сопруг и татко на две малолетни деца, кој веќе два месеци се бори за најскапоценото – својот живот.

И покрај долгото лекување, неговата здравствена состојба останува критична. Кај него е дијагностицирана тромбоза на порталната вена и панкреатит, состојби кои бараат итен и континуиран медицински третман.

Лекарите препорачуваат лекувањето да продолжи во приватна болница, каде Дејан ќе може да добие соодветен третман и неопходна медицинска грижа. За жал, трошоците за лекувањето се превисоки за неговото семејство, кое веќе ги исцрпило своите финансиски можности во обидот да му помогне.

Денес, надежта на Дејан и неговите најблиски е во хуманоста.

Токму затоа е организирана оваа кампања и упатуваме апел до сите луѓе со големо срце.

Секој во рамки на своите можности може да придонесе. Секоја донација, без разлика на износот, е чекор поблиску до продолжување на лекувањето и нова шанса за живот. Вашата поддршка не е само финансиска помош – таа е надеж за еден татко да продолжи да биде покрај своите деца, за едно семејство повторно да верува во иднината.

Донирајте ТУКА. Споделете ја кампањата. Да му помогнеме на Дејан да ја продолжи својата борба и да добие шанса за закрепнување.