Министерката за образование и наука Весна Јаневска се надева дека постои можност за зголемување на сумата на студентскиот оброк поради инфлацијата, но како што рече за следната година.

– Искрено се надевам дека постои таква можност. Да, треба да има нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, за следната година зборуваме. За оваа година, тие побараа проширување квотата, ние ја проширивме квотата. Досега за се што побарале сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа тие и го признваат, го промовираат, рече Јаневска.

Таа се надевам дека мерката за зголемување на сумата на студентскиот оброк ќе успеат да ја спроведат идната година, со тоа што како што потенцира, тоа не зависи само од неа.

-Зависи од состојбата на буџетот. Но дека ќе ги застапувам нивните барања, кога сметам дека се оправдани, тоа сум и го кажала, ќе си го одржам зборот и ќе ги застапувам нивните оправдани барања се додека сум министер, изјави Јаневска, која денеска во Скопје заедно со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип го промовираа прирачникот за Вештачка интелегенција во образованието