Весна ЈАНЕВСКА
СДСМ во изборната програма од 2020 година вети:
1. Ќе ги реконструираме сите студентски домови (страна 10).
2. Двојно ќе го подобриме квалитетот на исхраната (страна 10).
3. Младински центеи во сите 80 општини (страна 10).
4. Ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги (страна 23).
5. Ќе им овозможиме на редовните студенти да стапат во редовен работен однос, определен број часови – опција која им е на располагање на студентите во најголем број европски земји. (страна 43).
6. Конкретни мерки за инклузија на младите на пазарот на трудот како ,,Работи да заработиш“, ,,На работа, на труд“ за ученици и студенти во вид на моделот на „part time job“ (страна 43).
7. Бесплатни тренинг курсеви и стекнување „меки вештини“ за програмирање, графички дизајн, учење јазици, за финансиска писменост, за тргување и вложување во акции, сметководство, претприемништво итн., преку ваучери за учениците и студентите (страна 43).
8. Изградба на студентски центар Штип (страна 79)
9. Стипендирање на децата на регистрираните земјоделци за едукација во земјоделските струки (страна 92).
10. Зајакнување на приватната потрошувачка со мерки насочени кон позагрозени семејства, невработени, млади и студент. (страна 109)
Има уште многу, но јас ги набројав првите 10. Реализација НУЛА. Наместо тоа, Владата одлучи да ги дискриминира студентите и на одреден број да им го одземе студентскиот оброк од 120 денари. МИЗЕРИЈА!. Со огромно разбирање за неспособноста на Владата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа покачување на студнтскиот оброк на 160 денари. Тоа не се прифати, па сега под притисок на јавноста, демек преговараат со студентите, за тие ништовни 120 денари, СТО и ДВАЕСТ ДЕНАРИ!
СРАМОТА!