Дарко ЈАНЕВСКИ

Свинскиот грип, барем според извештатите, започна фуриозно. Десетици и десетици жртви во првите неколку дена, сите во Мексико, а стотици пријавени случаи на заразени. Изгледаше дека светот се наоѓа пред една од најстрашните епидемии, слична на таа од 1918 година кога „шпанскиот грип“ за релативно брзо време покосил 50-тина милиони луѓе, отприлика толку колку што беа убиени во Втората светска војна, но за шест години.

Потоа, почнаа да се случуваат чудни работи. Најпрвин се покажа дека бројот на заразени во Мексико воопшто не е толкав. Потоа, истото се случи и со бројот на починати. Стотиците станаа десетици, илјадниците – стотина.

Но, од друга страна, грипот почна да се шири. Прејде во САД и тогаш се случи втората чудна работа. Иако беа соочени со вирус кој беше претставен како убиствен и кој може да се пренесе меѓу луѓето и со најобично кивање или допир, што значи вирус чие ширење е речиси невозмжно да се спречи без драстични мерки, Американците не ја затворија границата со Мексико. Трошат милијарди долари за да можат да го спречат влезот на имигранти од Мексико, поставуваат бодликави жици на границата, бараат прокопани тунели, но за мексиканскиот грип, и покрај сета паника, се чинеше не се грижат премногу. Сето тоа додека во истовреме нивните медиуми речисии се натпреваруваа во емитување на застрашувачки вести. Целата американска држава вревеше на сет глас, но ништо повеќе од тоа. Сепак, останатиот свет ја сфати пораката: ако некој вирус е толку моќен што е способен да создаде опасност за најразвиената држава во светот, тогаш, другите нема што да му ја мислат, освен да почнат да се подготвуваат за најлошото. Меѓудругото, тоа значи да си порачаат доволни количини од лекот кој што може да помогне – спасоносниот тамифлу.

Во меѓувреме, се појавија податоците на Светската банка според кои евентуалната пандемија на свински грип би можела да предизвика глобална економска загуба од 3 000 милијарди долари (сега, само пакетот н Трамп за САД изнесува 2 000 милијарди), што е сума која навистина може да го потресе целиот свет. Тоа, онака патем, можеше да се сфати и како сугестија за оние земји кои се уште не се влезени во најновата шема на ММФ и Светската банка, тоа да го направат час поскоро, оти еве, доаѓа нова криза против која борбата ќе оди навистина тешко.

Така, државите низ светот добија два абери од фиљан место: првиот, да си обезбедат доволно тамифлу, вториот, навреме да бараат лек за новата дополнителна економска криза (сега, смао во првиот бран, 81 држава застанаа о ред пред вратите на ММФ). И за да се поткрепи сета сериозност на ситуацијата, Светската здравствена организација, во меѓувреме, прогласи и петти степен на опасност, што е само чекор до последниот финален стадиум кога работите се безмалку апокалиптични (како сега, кога е прогласена пандемија).

Како стигаа пораките, така на терен се случуваа нови чудни работи. Бргу се покажа дека сите починати од компликациите предизвикани од заболувањето, се Мексиканци. Дури и детенцето од САД, единствениот засега смртен случај надвор од границите на САД, е Мексиканче. Така добивме вирус кој може да ги зарази сите, ама води кон смрт само кај Мексиканците (овој пат, вирусот ги коси сите, и тоа со сила шест пати поголема од компликациите кои ги предизвикува обичниот грип, но интересно, во Кина само локално и попрво стигна од Вухан до Њујорк, ама го заобиколи Пекинг). За да нема забуна, Мексико воопшто не е некоја африканска држвава од редот на Зимбабве. Според ММФ, бруто домашниот производ по жител за 2008 година, во зависност од методот, изнесува 10.235 односно 14.560 долари. Тоа е прилично повеќе од Макеоднија, па лесно може да се извлече заклучок дали станува збор за сиромашна земја која има неразвиен здравствен систем. Невработеноста во Мексико е само 3,7 отсто (2008 година, кога кај нас се уште е над 30 отсто), па иако имаат и некои 25 отсто од работната сила која е недоволно ангажирана, јасно е дека станува збор за држава која има капацитет за развој на здравството.
А, свинскиот грип, сепак не е болест за која светот слуша прв пат.

Но, тоа не е се во чудните податоци кои пристигнуваа како времето минуваше. Вирусот набргу се прошири во 20-тина земји, но ако ја погледнете картата, веднаш ќе ви падне в очи дека станува збор за случаи исклучиво од најразвиентие држави во светот (ако сега ја погледнете картата на раширеност на корона вирусот, ќе забележите дека го има насекаде, но дека најтешко погодени се повторно најразвиените земји – Западна Европа и САД). Интересно, ниту еден едниствен случај нема во Кина, Индија или Русија (Индија и Русија долго одолеваа на короната, а Кина го реши проблемот со пет малку жртви од, на пример, Италија). Така, освен што добивме вирус кој усмртува луѓе од една националност, запознавме и друга негова карактеристика: ги напаѓа само жителите на развиените држави.

Според податоците на Светската банка, пандемија на свинскиот грип може да предизвика глобален економски губиток од 3 трилиони долари или околу 5 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Епидемијата веќе влијае на пазарите. Меѓу жртвите се авионските компании, туристичките фирми, ланец-рестораните и хотелите. Во добивка се единствено фармацевтските компании Роше и ГлаксоСмитКлајне, производители на вакцините „Тамифлу“ и „Реленца“. Ден претходно Департментот за здравство на САД потврди официјално потврди дека тие се најделотворен лек во борба со птичјиот, а сега и со свинскиот грип. Само два дена подоцна, нивните акции поскапеа за 10 отсто.

Случајно или не Тамифлу е создадена во 1996 г., од биотехнолошката компанија Гилеад Сајенсис. Лиценцата е дадена на фармацевскиот гигант Роше, која и плаќа 10 отсто на Гилеад од продажбата.

Инаку, Рон Паул – американски конгресмен, еден од ветераните во американската политика, во 1976 година бил штотуку избран во американскиот законодавен дом, кога е регистриран случај на свински грип кај десет војници, од кои еден подоцна починал. Паул се сеќава на паниката која тогаш се кренала и која довела до тоа во Конгресот да биде донесен закон со кој била предвидена вакцинација на Американците. Паул гласал против но законот бил усвоен. И тогаш се создаде истата паника, раскажува сега Паул која доведе до тоа од свинскиот грип да умре само едно ице, но од вакцијацијата имавме 25 починати (овој пат, паниката сепак се должи на фактот дека корона може да ви ги уништи белите дробови за 48 часа, толлку колку што нјабрзо може да добиете Мој термин за тест доколку пројавите симптоми и се должи на то дека над 70-те илјади мртви, сепак, не се вештачка креација).

Тој смета дека ваквите ситуации се погодни за водечките политичари во сите земји во светот бидејќи на крај владите се тие кои се јавуваата како спасители. Оттука и потребата најпрвин луѓето да бидат исплашени до смрт, за потоа да ги дочекаат политичарите со раширени раце како спасители. А, за да се престрашат луѓето, најрпвин е потребно да се создаде паника. Хистеријата е преголема, изјави Паул, И таа е поголема опасност од свинскиот грип (теза која ја застапуваат низа епидемиолози, како Сладолјев од Хрватска, Марковски од Македонија, шведскаат држава која сепак, одлучи да жртвува илјадници луѓе итн).

Моите извори (во време кога е пишуван текстот, м.з.) велат дека Светската здравствена организација известила дека до сега биле испорачани 5.000.000 кутии од лекот „тамифлу“. Доколку се земе предвид дека комерцијалната цена на лекот е околу 30 евра, тоа значи дека до сега добивката за компанијата производител и сопствениците на интелектуалните права на овој лек „Xилеат сајансиз“ заработиле околу 150 милиони евра.

Светската здравствена оргаизација препорача секоја држава да покрие со терапија по 25 проценти од населението. Со оглед на тоа што на земјината топка живеат околу шест милијарди луѓе, со терапија треба да се покријат околу 1,5 милијарди. Препораките на СЗО велат и дека овој опасен вид грип се лекува со две дози, односно две кутивчиња од лекот. Тоа значи дека се потребни 3 милијарди кутии, кои би можеле да се продадат за десетина дена. Доколку сите ја платат целосната цена од по 30 евра, покривањето на 25 проценти од популацијата со лекот, ако се лечи со две дози, ќе чини околу 90 милијарди евра. Секако дека препораките целосно нема да ги следат сиромашните земји, кои за лекот добиваат и попуст.

Компанијата “Рош“ набргу по прогласувањето на петтото ниво на опасност ја прекина комерцијалната продажба на лекот и ги извести владите дека треба да си ги купат резервираните количества..

Компанијата „Рош„ дозволи попуст за лекот за сиромашните земји како нашата, на кои „тамифлу“ им се продава за по 12 евра доза. Доколку првично нарачаме 100.000 дози, со лек ќе бидат покриени 2,5 проценти од населението, ако се лечи со две дози. За нив ќе платиме 1,2 милиони евра (тоа е првичната ситуација, денеска „тамифлу“ има во неограничени количини.

Извори од Националниот комитет за пандемски грип велат дека кога се размислувало за набавката на лекови за земјава била исфрлена можноста тие да не се набавуваат.

-Залудно е да се занимаваме со тоа дали се работи за природен био-терорист или вештачки (како и денес – независно од природата на самот вирус, факт е дека луѓето умираат, м.з.). Никако не смееме да дозволиме да не набавиме лекови. Треба да се размислува во повеќе насоки, меѓу кои и онаа што доколку случајно или не, се јави грипот кога нема да набавиме лекови – велат моите извори (разликата со сегашната ситуацоја е што тогаш лекот практично беше готов и постоеше со самата појава на грипот во светот, сега лек – нема).

Според извори од Комисијата за заразни болести, Хрватска со лекот ќе покрие 20 проценти од населението, а Бугарија и Србија по пет.

Светската здравствена организација за прв пат во последните 25 години прогласи петто ниво на опасност, а не побара да се затворат границите на ниту една држава. Тие не беа затворени ниту за Мексико, кое се третира како жариште на заразата. За птичјиот грип кој го тресеше светот во 2003 година беше прогласено трето ниво на опасност.

Нивоата на опасност, Светската здравствена организација ги зголемуваше за многу брзо време. Петтото, од вкупно шест нивоа беше прогласено за помалку од два и пол дена по четвртиот степен на опасност, откако од опасниот сој почина бебе во Америка.

Д-р Марија Кишман, претставник на СЗО во Македонија вели дека петтото ниво на опасност, кое им сигнализира на државите да се подготват за пандемија, организацијата го прогласила преку ноќ зашто опасниот сој на вирусот се ширел многу брзо.

-Петтото ниво беше прогласено, не поради тежината на болеста, туку поради брзината на ширењето. Кога се случуваше птичјиот грип, СЗО остана на трето ниво затоа што тој не се прошири многу – вели д-р Кишман.

Таа вели дека кога генералната директорка на СЗО, на 30 април објави петто ниво, девет држави имале потврдени случаи на болни од грипот А/Х1Н1.

-Имаше болни во Австрија, Канада, Германија, Израел, Нов Зеланд, Шпанија, Велика Британија, Мексико и Америка. Според базата на податоци на СЗО, вкупнот број на заболени луѓе од птичји грип, лабораториски потврдени од 2003 до 2009 е 421, од нив 257 починале (повеќе од половина). Одржлив пренос на болеста меѓу луѓето забележано е само во мали блиски груп на луѓе – вели д-р Кишман.

Завчера, американската администрација објави дека веќе е јасно оти грипот А/Х1Н1 не е поопасен од обичниот (така беше и на почетокот од Ковид 19 кога Трамп и Борис Џонсон велеа нешто слично). Американскиот секретар за внатрешна безбедност, Xенет Наполитано ја бранеше одлуката на администрацијата да не се затвори границата со Мексико, велејќи дека тоа ќе предизвика економски губитоци од големи размери, додека користа за јавното здравје би била минимална, зашто вирусот веќе се проширил во САД.

Загадочно е и прашањето зошто во Русија нема случаи на болни од опасниот сој на грипот А.

Српскиот епидемиолог д-р Радмило Петровиќ за весникот „Блиц“ вели дека не е исклучена можноста опасниот сој на вирусот да е фабрикуван.
– Се знае дека науката успеала да синтетизира три вируса, на грип, оној што предизвикува детска парализа и на рубеолата – вели д-р Петровиќ.

Тој потсетува дека со истиот вирус се експериментирало во 1976 година, а по 20 години ненадејно се појавил во американската воена база во Њу Xерси. Експериментите излегле од контрола и тогаш со вирусот се заразиле 10 војници, од кои еден починал. Вирусот тогаш не предизвикал пандемија.

– До денес овој вирус често циркулира. Меѓутоа поголема мутација доживеа сега во Мексико и се уште не се знае колку се изменил. Малку е чудно што во Мексико се пријавени толку смртни случаи, а во другите земји во кои се појавил нема мртви – вели д-р Петровиќ.

Неодамна американски „Онлајн џурнал“ објави дека двајца угледни новинари што разговарале со високорангирани личности во Обединетите Нации и Светска здравствена организација соопштиле дека новиот сој вирус на грипот А е резултат на вештачки произведен патоген, кој може да доведе до пандемија. – Вирусот А/Х1Н1 има одредени трансмисиони „вектори“ што упатуваат на тоа дека е генетички модифициран како воено-биолошко оружје – пренесува весникот дека навел неименуван врвен научник.

Тој наводно смета дека смртоносната ебола, ХИВ и актуелниот А/Х1Н1 вирус се биолошко оружје. Новинарите пренеле и дека научникот како доказ за своето тврдење го искористил фактот оти меѓу свињите нема регистрирани случаи за инфекција со вирусот А/Х1Н1, иако вирусот од свињите се пренел на човекот и понатаму се шири меѓу луѓето.

Редакцијата на Дојче веле – Берлин, пишуваше дека само една недела по вестите за појавата на новиот, смртоносен вид на грип во Мексико, низ светот се шири стравот од оваа зараза, а најголема добивка од тоа за сега имаат некои водечки фармацевтски компании и производители на медицинска опрема, додека авионските компании и производители трпат најголеми загуби (сега, авионскиот сообраќај на западот е за 96 отсто намален).

Швајцарската компанија Рош, која произведува антивирусни средства под името Тамифлу, порано, со продажбата на лекови за птичјиот грип, заработи многу пари, а исто ќе се случи и сега, бидејќи таа група на лекови, наводно делува ефикасно и во лечењето на заразените со новиот вид на грип.

Само во првите три дена по појавата на новиот грип во Мексико, акциите на компанијата Рош, која порано со продажба на лекови за птичјиот грип оствари голема добивка, зголемени се четири отсто, што упатува на заклучокот дека и овој пат добро ќе поминат.

Друга швајцарска компанија, Новартис, исто така, има добивка, а во оваа профитабилна работа со продажба на лекови се приклучи и фармацевтскиот гигант Санофи-Авентис, како и британската компанија ГлаксоСмитКлајн.

Меѓутоа, грипот не е можност за добра заработувачка само за фармацевтските фирми, туку и за производителите на ракавици и друга медицинска опрема, како што се германската Сименс и холандската компанија Филипс, пишува лондонскиот деловен весник Фајненшел тајмс.

Најголеми загубари со ширењето на новиот вид на грип се авионските компании ширум светот, кои како што потсетува германскиот медиуме, имале големи проблеми и кога се појави епидемијата од САРС во 2002 година.

Акциите на авионските компании паѓаат, дури и при самото спомнување на зборот зараза, истакнува Дојче веле и додава дека во списокот на загубари секако треба да се вбројат и туристичките организации, кои, исто така, сега се наоѓаат во големи проблеми, поради појавата на новиот вид на грип.

Во големите загубари поради грипот може да се набројат и производителите на компјутерските игри во кои се натпреваруваат тимовите кои се во мрежа, бидејќи тие тимови главно се наоѓаат во играчниците кои сега се празни, поради стравот од можно пренесување на вирусот од опасната болест (сега истите компании можат да остварат профити бидејќи игрите се играат дома, а препораката е токму тоа – да се остане дома).

Меѓутоа, овој страв може да биде корисен за продавачите на домашните компјутерски игри, како и за компаниите на мобилни телефони, кои врз основ на зголеменото користење на услугите, ќе остварат поголем промет.

Мексико како земја во која болеста зема најголем замав, веќе трпи од проблемите во трговијата со САД. Мексиканските камиони со стока наменета за пазарот во САД не смеат да преминат на американска територија поради строгите мерки на безбедност кои се спроведуваат, иако минатиот месец Белата куќа вети дека овој превоз ќе се одвива без проблеми.

По појавувањето на новиот грип, веќе никој не го зема предвид тоа ветување од Вашингтон, а некои аналитичари сметаат дека САД ќе ја искористат епидемијата на грипот за да ја заострат емиграционата политика кон Мексико.

Свинскиот грип сепак подоцна се рашири во повеќе земји и се зголеми бројот на смртни случи. Луѓето умираа од пневмонија, откако грипот ќе ги зафатеше белите дробови

На 27 април 2009-та, 40 дена после првиот случај во Мексико, инфицирани се јавија и во Шпанија и Велика Британија. Вирусот ја зафати и Европа, а после се префрли на Австралија и Азија.

На крајот од мај 2009-та, СЗО соопшти: 12.000 заболени во 43 земји, 86 смртни случаи. Секој ден стигнуваа информации за нови илјадници заболени. Во октомври свинскиот грип веќе се распростани на 210 земји (во 39 од нив луѓе умираа) и уби околу 3.500 луѓе (овој пат, толку имаше само во Кина).

Во Европа жаришта беа Велика Британија и Германија. Во октомври Обединетото Кралство имаше сериозна критична ситуација.

Свинскиот грип ја зарази жената на поранешниот премиер Тони Блер, Шери Блер и таа ја пропуштила церемонијата врачување диплома за докторски степен не универзитетот во Ливерпул. Кога Англија го достигна пикот, по 10.000 луѓе дневно се јавувале во болниците.  Сега, Ковид 19 ги зарази премирот Џонсон и принцот Чарлс, а Британија, како и тогаш со свинскиот грип е една од најпогоднеите земји. Мошне висок број на заразени има и Германија, но таа засега се справува добро.

(текстот е од 2009 година, со мали додавки во контекст на сегашната ситуација)