Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 297
Куманово – 182
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –58
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 24
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –7
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 20
Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку ИЈЗ се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.)

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче нема да одржи прес конференција.