Коментар напишан во 2012 година по повод бугарските тврдења дека им ја крадеме историјата, кодошлакот што по тој повод во Брисел го вршеше нивниот надворешен министер Николај Младенов и неформалните најави дека ако им попуштиме само на Грците, не сме ја завршиле работата. Допрва ќе треба да им попуштаме на Бугарите. Всушност во тие години, по 2008 година, создаден е договорот со кој Грците треба да не избришат до седмиот век, а од седмиот век до 1944 година треба да на избришат Бугарите. Со оглед на тоа што Европскиот парламент смета дека сите последеци од комунизмот треба да се избришат, тоа автоматски не брише нас и во периодот по 1944 година.

Се разбира, прво требаше да се голтне јадицата дека античка Македонија е грчка, како полесен дел од задачата и то со помош на домашните квислинзи беше изведено со Преспа.

Како и да е, уште тогаш беше јасно, за тој што сакаше да види дека падната е наредба – Грците да не бидат единствени виновници за блокадите на Македонија, дека во тоа треба да се вклучи и Бугарија, а ете, слободна е за услугата да испорача фактура која ќе ја платиме ние. Всушност, со Бугарите ни се повторува тоа што го запачнаа Грците и тогашната ЕЗ во Лисабон во 1992 година кога побараа бришење на Македонија, а и прв дел веќе е направен со Преспанскиот договор.

Ова не беше прифатливо за Груевски. Ова не беше прифатливо ни за тогашниот СДСМ. Затоа е направена операцијата за носење на Заев на власт, тука се шарените, СЈО, снимките, новинарите на УДБА, на СДСМ, несудениот бугарски конзул и вљубеник во ликот и делото на Заев како најхрабар премиер на светот, осумтемина уставотворци од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот налогодавец чиј потрчко станал колумнист…. многумина од нив тоа добро си го наплатија, а цената ја платија сите други.

Во секој случај поенатата е дека ова што денес ни се случува не е ништо ново и беше лесно да се предвиди.

Дарко ЈАНЕВСКИ (2012 година, повод – изјави на тогашниот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, дека им ја крадеме историјата)

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, ги обиколува европските престолнини и најблаго кажано, ја кодоши Македонија дека не била примерен кандидат за добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Така, велат во Бугарија, ги штител бугарските национални интереси, бидејќи Македонија ја крадела бугарската историја и не ги менувала своите учебници по историја.

Со тоа, тој директно се става во улога на грчка продолжена рака. Ја спроведува грчката агенда и ја разводнува грчката вина за блокадата врз нашата земја. Сакале тоа или не, на овој начин Бугарите се ставаат во улога на грчки потрчовци. Оти, реално гледано, бугарски национален интерес не е Македонија да остане надвор од ЕУ. Како што во 1992 година, бугарски национален интерес не беше Република Макеоднија да остане дел од Југославја. Овој дел од етничка Македонија беше плен на Србија во текот на Балканските војни и Бугарија тоа никогаш не го прежали. Тогашниот бугарски претседател, Жељу Желев тоа многу добро го сфати, па не случајно лобираше кај рускиот претседател Борис Јелцин, неговиот министер за надворешни работи да ја признае независнота на нашата земја.

На тој  начин, делумно беше анулиран еден дел од Букурешката мировна конферација во 1913 година, чија ревизија, впрочем, беше вековна желба на Бугарија, но од нејзините интереси, а не од наши. Како и да е, сега, со перспективната можност Република Македонија како дел до ЕУ, по природен пат да стане основа за обединување на регионот Македонија, се создава цивилизирана реалност за уште едно исправање на неправдата од Букурешт, сеедно што етничакта стуктура на регионот е драстично изменета во однос на 1913 година. И одеднаш на Бугарија и пречи тоа. Која е логиката? Ја нема, освен ако не се гледа низ дипотереот на некогашните комунистички служби, чии поданици очигледно имаат зафатено добри места во владата на Бојко Борисов.

Наспроти тоа, како што рековме, за Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел до НАТО и ЕУ. За Бугарија би треабло да биде еден од приоритетните нациоанални интереси и двете земји да останат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престомнини. За Бугарија би требало да стане национален интерес, и од македонска страна да има можности да се врши притисок врз структурите во Брисел кои решаваат за делење на европските фондови, да се добијат пари за создавање на една модерна и брза трансферзала од Скопје до Бургас и Врана. Денес во 2012 година е потешко од Скопје да се стигне до Софија, отколку што во 1903 година можело да се стигне од Солун, како главе македонски град до престолнината на Бугарија. Како е тоа можно, веројатно не му е јасно ни на самиот Младенов. Не се белки за тоа виновни неколку напалени анти бугарски јавни личносто во Македонија (денес боогами не се неколку. м.з.), какви што ги има и од другата стана на нашта источна граница. Како е можно двете джави во кои степенот на сиромаштија е катастрофално голем, во кои просечната плата, за тие што ја примаат, едвај да надминува 300 евра, да се занимваат со тоа чиј бил Гоце Делчев? Еве ние немаме проблем со тоа што Бугарите го сметаат за нивен. Зошто по ѓаволите, ним им пречи што за нас тој е Македонец (терминот „за нас“ оваа 2020 година е скусен, бидјеќи очигледно барем Стево Пендаровски и неговите следбеници не сметаат дека Гоце е Македонец), кој се борел не за Бугарија, туку за Македонија. Во крајна линија, во 1912 и 193 година за Бугарија немало поголем непријател од Грција и Србија. Впрочем, против кого бугарскиот генерал Савов ги испалил топовските салви во 1913 година започнувајќи ја Втората балканска војна? Против Грците! Може ли таа лекција да ја препрочита Младенов пред да продолжи со кодошкиот бизнис низ Европа? Како тогаш е можно, еден бугарски министер за надворешни работи, повикувајќи се на историјата, да се стави во служба на Атина, која на луѓето низ Македонија, чиј идентитет самиот Младенов смета дека Скопје го краде, тпокму во тој историски период за кој говори бугарскиот минситер, им ги вадела очите и живи ги палела.