Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари и актуелен градоначалник на Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците политички ги посочи Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Крсто Мукоски, како организатори на настаните од 27 април пред Собранието на Република Македонија,

Таравари во гостувањето во ТВ 24, говорејќи за се поверојатната коалиција на Алијанса, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ, испровоциран од водителот истакна дека организатори на настаните од 27 април се луѓе кои веќе не се членови на најголемата опозициска партија.

Тој директно ги посочи поранешниот министер Тодоров, Мијалков и експратеникот Мукоски како организатори на настаните од 27 април, кои денес се во блиски релации со премиерот Зоран Заев и СДСМ.