Дарко ЈАНЕВСКИ

Јовески, зошто не е побаран притвор за тие што прават забави за по неколку стотини деца, на кои евидентно е, ниту се почитуваат, ниту можат да се почитуваат било какви мерки?

Триесет дена, не се прави на удрен, барате и за сплескување мува со тепалка, а не за вакво масовно загрозување на здравјето на луѓето. Инспекторсите финти со кривични пријави за правното лице, остајте ги за друг пат. Мислам, знам дека сте ангажирани околу Апасиев, слушам, многу сте биле јадосани во ЈО, не знаете како да се извлечете од тоа што за истото не сте го гонеле Заев пред 10 години кога кажа „живи луѓе ќе јадеме“, и ете, тоа ви реметело концентрација. Ама сега, сепак, многу деца биле на едно место, мери им умот на нивните, но ако со нив не можете, со организаторот секако можете. Немој уште фраери да ни глумат по комуњарскиве телевизии. А глумат. И ви праќаат поздрав. И вам, великите овинители за гонење баби, и на „свети Филипче кој ја убива короната“ и на МВР топтан, со Наќе Чулев, со Штрумфета и со оној пиштолџијата Тасевски.

Е, а тој, „свети Филипче кој ја убива короната“, пак, читам, барал од „МВР и од инспекторатите…“ да реагираат за журкиве и забавите. Момче, четири месеци успешно забошотувате дека во „вашата“ земја постои Главен штаб за справување со кризата. Дека таму шеф е Спасовски, дека таму си и ти како министер за здравство (мислам во паузи од ставање плочи), таму ти е и Наќе Чулев… Свикај си го штабот, или јави му се на кумановскиот Ајнштајн во улога на технички премиер, свикајте го тој Кризен штаб, и таму давај заповеди, но викнете си го и Јовески. Зашто не ти вршат работата лејките испразнети од вода, кои по социјалните мрежи ти ракоплескаат. Таму да си го прашаш и зошто за „другарка ти“ Цаца тие на Јовески бараа само парична казна. Таму да си го прашаш и зошто овие кои правеле забави не се изведени од неговите обвинители пред судија на претходна постапка со барање за притвор. Знаете вие многу добро како функционира тоа, не се правете на удрени. Неколку стотини деца во опасност, половина од нив (повеќе од половина, ама еве преку Групер добиваш попуст) сигурно живеат со дедовци и баби, бројот на хронични во семејствата веројатно не се ни добројува, а ти пишуваш пораки на твитер. Тоа што опозицијата, пред се ВМРО, во кампањата практично заборави како се вика министерот за здравство и најодговорниот за бројките за Ковид 19, плашејќи се од набивање страв кај луѓето, наместо да постапи сосема обратно, тоа што се многу фини со тебе (освен лекарскиот дел од партијата) и што им е клучна предизборна грешка, не значи дека можеш да се однесуваш на ниво на оној кафеанџијата од Струмица кој во изјавите уште фраер се прави, демек масите биле на далечина, а на нив имало средства за дезинфекција и тој ја завршил работата. Така и ти, демек пиша на твитер, кажа да држат дистанца и да носат маски и се е во ред, нели?

Е, да и на Кризниот штаб прашај зошто при масовно загрозување на здравјето на луѓето, значи при кривично дело со неколку стотини луѓе, вие сте ја пратиле Мери Проја таму. Остајте ја неа нека трча по Мицко и Љупчо Андоновски, тоа е за забава за вашите загари, за забава на Влатко Ѓорчев и на ВМРО омилената Телма, ама ова е сериозна работа.

Патем, не знам дали виде, ама тие во Австралија уште во јануари почнале да се подготвуваат за епидемијата! Ја виделе или дознале за неа, сеедно. И имаат три пати помалку мртви од нас. На 25 милиони жители.