Јани Бојаџи, режисерот на филмот „Ругање со Христос“, кој предизивика реакции во албанската јавноста, преку социјалните мрежи информира дека утре во 11 часот во Основниот суд Скопје 2 ќе биде одржано рочиште за забрана на неговиот филм.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме објавата на Бојаџи, напишана на Фејсбук.

Ете, стасавме и до тука! Утре во 11.00 часот во Основен суд 2 во Скопје, на предлог на државниот Правобранител а на барање на Министерството за култура ќе се одржи рочиште на кое се бара забрана за прикажување на играниот филм ,,Ругање со Христос,,!

Драги мои фашисти!

Ова мене ми е работа. Јас од филм живеам. Немам друга професија. Со ова вие мене ми ја забранувате работата!

О, неразумници!

Вие мене ми го забранувате правото да работам, да заработам и да живеам! Вие мене ми го одземате правото на живот! Ова продолжува веќе два месеци! Јас сум уметник. Работник. Пролетер. Не поседувам средства за работа. Не поседувам недвижности. Ако не работам не можам да си платам ќирија, струја, вода, данок. Акоа не работам не можам да си го прехранам семејството!

О, несреќници, вие мене ме убивате! Ова е истребување! Вие мене утре ме судите на глад и на смрт! Се молам за вашиот разум и за благост во вашето срце кога ќе ме судите! Се молам за вас и теперам од страв оти не знам до кога јас ќе бидам разумен и благ со вас, о мои обвинители и судии!

Вие утре ми судите мене, ама ќе си пресудите себе си. Оти ќе останете запаметени по тоа дека судите за нешто што не сте го виделе, а тоа е пострашно и ако лажно да сведочите!

Драги мои фашисти,

Јас знам дека по природата на тоа што сте – тирани и безумници, ќе го направите она што веќе сте го направиле во минатото! Таква си е нотропијата на фашизмот – ќе го излеете бесот и немоќта на улица и на невините, и ќе завршите под урнатините ! Но, ете, по не знам кој пат ви кажувам: не ви се плашам! Јас сум партизанско дете и немам друг избор освен да востанам, да се борам со вас и да ве победам. Знам. Така е тоа со слободата – треба да си ја заслужиш!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!