Почитувани,

Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески мора под итно да биде сменет! Продолжува денеска презентацијата на факти од ВМРО-ДПМНЕ, зошто Јовески мора да замине.

Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ бара да се испитаат нерегуларностите за време на референдумот, зошто се бара смена на РЈО, зошто се бара анкетна комисија во Собранието и зошто се бара почитување на договорената и сега веќе законската обврска за 100 дена техничка Пржинска влада која што ќе спроведува избори.

Денеска ќе се задржиме за гласањето, референдумскиот ден во општина Сарај, само низ показатели и бројки, местата каде се полнети изборните кутии со невозможна брзина, како што таму се случуваше и насилство и бркање на набљудувачи меѓутоа еве сега ќе се задржиме само на бројките.

За почеток, избирачкото место Радуша каде што 15 до 17 часот гласале 188 гласачи или 38 секунди по еден гласач.

Изборното место Рашче каде што од 13 до 15 часот гласале 208 гласачи или на секои 34 секунди по еден гласач.

Населено место Копаница од 11 до 13 часот гласале 303 гласачи или на секои 23 секунди по еден гласач.

Населено место исто така Копаница од 15 до 17 часот гласале 162 гласачи или на секои 44 секунди по еден гласач.

Населено место Грчец од 15 до 17 часот гласале 500 гласачи или на секои 14 секунди по 1 гласач.

Населено место Глумово од 15 до 17 часот гласале 215 гласачи или на секои 33 секунди по 1 гласач.

Населено место Шишево од 17 до 19 часот гласале 468 гласачи или на секои 15 секунди по 1 гласач.

Населено место Бојане од 17 до 19 часот гласале 168 гласачи или на секои 42 секунди по 1 гласач.

Повторно Бојане, друго избирачко место од 17 до 19 часот гласале 161 гласач или на секои 44 секунди по 1 гласач.

Ласкарци од 13 до 15 часот гласале 186 гласачи или на секои 38 секунди по 1 гласач.

Населено место Арнакија од 11 до 13 часот гласале 334 гласачи или на секои 21 секунда по 1 гласач.

Долно Свиларе од 15 до 17 часот гласале 360 гласачи односно на 20 секунди по 1  гласач.

Сарај, Долно Свиларе повторно од 15 до 17 часот гласале 495 гласачи односно на 14 секунди по 1 гласач.

Горно Свиларе, населено место, избирачко место 2455 од 13 до 15 часот гласале 267 гласачи односно на 26 секунди по 1 гласач. А, процентот на излезност постигнува неверојатни 91%.

И после сето ова, после вакви докази, после една недела од денот на референдум, РЈО молчи и не презема фактички ништо. Не е преземено ни по оние пријави кои што беа поднесени за време на референдумската кампања. Немаме информации дали ниту дали е повикан Зоран Заев, не се повикани бизнисмените кои се закануваа или исплаќаа екстра пари за гласање, не се повикуваат луѓето од кол центрите на СДСМ што го кршеа молкот, не се повикуваат членовите на избирачките одбори кои замижуваа пред полнењето кутиите.

Почитувани, не се работи ништо, освен што се замачкуваат овие предмети.

Почитувани, не е веќе прашање за промена на името на Република Македонија, идентитетот и Уставот. Капитулантскиот договор е завршена работа.

Сега се бориме за основните демократски стандарди, за правна држава и еднаквоста на сите граѓани пред законите.

Почитувани, треба да е јасно, нема ниту НАТО, нема ниту ЕУ, без демократија, без правосудство, без слободни избори! Тоа се најголеми теми и фундаментот на западниот свет за кои алијансата се бори да ги зачува и пренесе понатаму низ светот, зборувам за НАТО! Оваа власт не е способна да организира избори, овој РЈО нема храброст да застане пред криминалот на власта!

Токму затоа, РЈО треба да си оди заедно со Зоран Заев и бандата на власт. Тие се сликата за се она што значи поданички, плашлив и сервилен правосуден систем во рацете на политички насилници! Република Македонија победи на референдумот, Република Македонија ќе победи и на следните избори!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ