Победникот на парламентарните избори во Словенија, Јанез Јанша го информираше претседателот дека нема доволно поддршка за формирање стабилна влада која би владеела до 2022 година.
Тој вчера повика за формирање потенцијала коалиција на партии од десницата и центарот без три партии кои учествуваат во сегашната техничка влада на Миро Церар.
Јанша бараше предност во формирањето на идната коалиција да добијат двете најголеми партии во новиот состав на Парламентот, неговата Словенечка демократска партија (СДС) и Листата на Марјан Шарец.
Во моментов кај политичките партии нема волја за спроведување нови избори.
Од друга страна, Јанша го повика претседателот Борут Пахор да го поддржи предлогот за менување на изборниот закон со цел да се мотивира излезноста кај гласачите, која во послдните два циклуси е рекордно ниска.