Европската комисија денес почна правна битка против Унгарија во врска со правилата на ЕУ за миграцијата и го означи како нелегален законот „Стоп Сорос“ со кој се казнува поддршката на мигрантите.

Со овој чекор ќе се влошат односите меѓу Брисел и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е еден од најгласните противници за поголема соработка во ЕУ во справување со миграцијата.

Извршното тело на Унијата соопшти дека Унгарија ја тужи пред Европскиот суд на правдата „заради неприменување на законите за азил и враќање согласно законодавствотот на ЕУ“.

Доколку судот пронајде дека Унгарија е виновна, во тој случај ќе следуваат финансики казни за Будимпешта.

Што се однесува до „Стоп Сорос“, во оваа фаза Брисел испратил „формална нота“, а тоа е прв чекор кон покренување судска постапка.