Информацијата дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша, испратил неофицијален „нон-пејпер“ документ до Брисел, во кој се пишува за прекројување на границите на просторот на бивша Југославија, меѓу кои и Македонија, ја разбранува јавноста на Балканот.

Веста ја демантира Јанша, а дополнително даде изјава која се однесува конкретно на Македонја:

„Словенија ја поддржува европската перспектива на Македонија, во рамките на постоечките граници. Никогаш официјално или неофицијално немала поинакви ставови од овој став“, вели Јанша за NEWS1.