Во Центарот за јавно здравје во Куманово минатата недела се регистрирани 39 заболени од грип, информираа денеска надлежните од таа јавна здравствена установа.

Тројца од нив побарале помош од лекарите на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, но ниту еден не е хоспитализиран.

Од почетокот на сезоната на 1 октомври, минатата година, до минатата недела се регистрирани 202 лица заболени од грип и симпотми слични на грип, што во однос на минатата сезона е зголемување за приближно 11 проценти..

– Околу 64 проценти од заболените се во возрасната категорија од 15 до 64 години, по што следат заболените од детската популација од пет до 14 години, изјави, доктор Јадранка, Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.

Вакцина против грип во Куманово примиле 2.400 лица. Епидемиолозите очекуваат како и претходните сезони, да расте бројот на заболени кон крајот на јануари и почетокот на февруари.

Лекарите советуваат примена на хигиено-дитетески режим при првични симпоми на грип, мирување, внесување на доволно течности, витамини, проветрување на просториите. Доколку симптомите се влошат, тогаш болните треба да побараат помош од матичните лекари.