Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3 Игор Јанушев најавува проширување на позитивната листа на лекови и здравство без рецепти.

Квалитетот на здравството е клучен за секоја нација. Државата е таа која треба да овозможи европски услови за работа на лекарите и европско ниво на услуги на пациентите. Се обврзуваме на: Реконструкција и модернизација на општата болница во Велес;  Изградба на клинички центар во Штип; Зајакнување на системот на трансплантација на органи; Се укинуваат рецептите, услуга со лична карта; Проширување на позитивната листа на лекови.