Јанушев: Македонија е со рекордна задолженост и не стагнира туку се враќа назад

/ 26.12.2018

Во овој момент Македонија има рекордно најголема задолженост, а платите, БДП и потрошувачката кошница одат во надолен правец, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на 1ТВ.

Тој зборуваше за економијата при што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ води реална политика со реални согледувања на работите и со реални ветувања кон граѓаните. Според него државата повеќе не стагнира, туку се враќа наназад.

– Немаме зголемување ниту на пензиите, ниту на било кои други сегменти ако вака детално ги погледнеме. Не само што имаме намалување и стагнација имаме одлив на странските инвестиции. Сето ова зборува за неспособноста на СДСМ. Економските показатели јасно се гледаат врз основа на бројките кои се објавени. Исто така имаме најголем пад во Европа во однос на листата на корумпираност. Го делиме стабилното 112 место во светот, рече Јанушев.


Од истата категорија