ЈАНУШЕВ: На следните избори „Тим институт“ нема да ви ја прави анкетата

/ 02.04.2020

Игор ЈАНУШЕВ

Ќе кажам збор-два за еуфоријата која вештачки ја крева СДСМ околу анкетата која денес излезе. Без исклучок истата матрица денес ќе излезе со бомбастични наслови од типот – убедливо водство на Заев, СДСМ гази и слично.

Тоа е првиот ден, вториот следат колумните на Дерала, Ордановски и уште некој скриен “тапшач” по рамо, кои треба да ја артикулираат таа “неизмерна среќа” на бројките.

Но, да се вратиме назад во реалноста. Да работеа толку колку што сега шират некоја вештачка среќа, немаше да имаме ваков лош пакет на мерки во стопанството.

Затоа, баталете бројките, вратете се во реалноста. Секој ден стотици луѓе остануваат без работа и исто толку бизниси пропаѓаат. Вие ги имате хартиите, а на народот му ја испорачувате сиромаштијата.

На денот на избори, кога и да биде, граѓаните ќе ја имаат хартијата пред себе и пенкалото во рака, а вие ќе треба да ги пакувате куферите.

И уште нешто, фатете се за работа веднаш, зошто “работава ич не чини”. Народот сака помош, а не еуфорија и “тапшање по рамо”.

А, на следните избори, кога и да се бидат, Тим институт нема да ја прави анкетата, туку народот гласно ќе зборува, па ќе се соочите во очи со сопствениот дебакл и лажните анкети, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.


Од истата категорија