Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, денеска беше во посета на Општина Градско, каде ја посети винаријата Стоби и каде разговараше со менаџерскиот тим во однос на кои се работи се потребни да се спроведат со новата владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Продолжуваме со средби со граѓаните, ќе ги посетиме и селата Виничани и Ногаевци. Она што можеме да го видиме во Градско, впрочем е она што можеме да го видиме секаде во изборната едница 3, но она што го гледаме секаде низ Република Македонија. Незадоволството од актуелната власт предводена од СДСМ, Заев и Љупчо Николовски е огромна, рече Јанушев.
Поддршката која што ја добива ВМРО-ДПМНЕ во огромен број од граѓаните според Јанушев, ги охрабрува, ги мотивира да издржаат во овие неколку дена со ова турбо темпо со која што ја водат кампањата се со цел на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ да издвојуваат една огромна победа. И тоа граѓаните го препознаваат и го знаат.
– Она што веќе го добивам како реакција на граѓаните буквално насекаде велат, да можеа помалку да крадат, помалку да лажат, помалку да нанесат, односно да не ја нанесат целата оваа штета и ова зло во изминатите три и пол години. Ги препознаваат политиките и понудата на ВМРО-ДПМНЕ кои се предвидени во проектот Обнова за Македонија и токму затоа од овде од Градско ќе им порачаме дека на 15 јули доаѓа обновата, а Македонија се исправа, изјави Јанушев.
Меѓувреме Јанушев беше и дел од дебатата на „Отворено студио“ во Телевизија 24, од каде најави дека здравствениот кадар ќе го вратат со зголемување на платите, нови болници, подобри услови и континуирано инвестирање во здравствениот систем и човечкиот капитал.
– Континуирано ќе инвестираме во човечкиот капитал во здравството, зголемување на платите, не како што лаже актуелната власта, туку вистинско инвестирање во здравствениот кадар, како начин да се вратат лекарите, истакна Јанушев.
Тој рече дека еден од главните столбови на програмата е да се овозможи здравство кое ќе биде на ниво на развиени земји, каде секој граѓанин со задоволство ќе отиде во државното здравство, а не по секоја цена да се лечат граѓаните на приватно.
Јанушев вели дека ќе им се овозможи на лекарите во државното здравство да работат и приватно за да може да остваруваат и дополнителен приход и ќе се однесува на целокупниот медицински персонал.
Во однос на инфраструктурата Јанушев вели дека се најавени и четири нови клинички болници, што во следниот четиригодишен мандат ќе бидат завршени.
-Една од тие клинички болници е во западниот дел од државата во Тетово, две се во Скопје, имено конечно ќе ја видиме новата Клиничка болница во Скопје, онаа што СДСМ ја изнашета по цело Скопје и ги прекрши сите рокови кои беа дадени. Предвидуваме и Општата градска болница „8 Септември“, како и изградбата на Универзитетската клиничка болница во Штип, како и санација на неколку општи болници, вели Јанушев.