Игор ЈАНУШЕВ

Излезе информација “Куферот со пари не стигнал до Заев”. Владината пропаганда, истата онаа која не убедуваше преку Шекеринска дека знамето на Аризона било она на Македонија, побрза да ја пренесе, демек им олесна што ќе може да направат спин дека Заев е чист, колку и тоа да изгледа како научна фантастика.

Но, вушност оваа информација за куферот кој не стигнал до Заев открива дека таа торба требало да заврши кај него, но ете не стигнала. Каде и да стигнал куферот, односно торбата, не значи дека парите не продолжиле понатаму. И, кај кого стигнала е вистинското прашање. Дали тоа можеби е министерката од Владата на Заев – посетител на домот на Бојан Јовановски, и дали тоа не значи дека друг ги извадил парите и тие се предадени понатаму за да стасаат до главниот во Рекет без чие знаење овој милионски рекет е невозможен.

Власта се дозаплетка дотаму што веќе не знае каква снимка да пушти само да го испере Заев, а тој валкан со криминал ни Вардар не го пере. И додека владината фабрика “мантра” за некој нареден прозирен спин, се уште чекам да се освежи меморијата на Заев за NSKRO 74/17 USB? И за една мистериозна дојава до обвинетиот за Рекет дека е пријавен?

А, до тогаш Заев “путуј” во темната страна на историјата, зошто уште 22 дена премиер и никогаш повторно!, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.