Игор ЈАНУШЕВ
Криминалците си остануваат криминалци и во редовна и во вонредна состојба.
Фатени во корупција со респираторите, сега фатени во корупција со тестерите за корона вирус … за само три недели, ова е полошо и од военото профитерство со резервните тенковски делови во владеењето на СДСМ по воениот конфликт.
Наш најголем проблем не е епидемијата на вирус, туку епидемијата на корупција дури и во вонредна состојба. И пак е Филипче, кој е корумпиран во редовна состојба, корумпиран е и во вонредна состојба. Дека ќе правет “аванта” и од тестовите за корона е тешко да се поверува, но тоа е реалноста. 4 пати поскапо да се наплаќаат тестовите за корона не значи ништи друго освен грабеж и профитерство.