Претседателот Стево Пендаровски преку видео информира дека денеска во 17:30 часот, по македонско време, нашата земја ќе стане триесеттта членка на НАТО.

– Официјалниот прием ќе биде денеска во 11:30 часот по американско време во Вашингтон, во главниот град на САД. Иако поради тешкиот период низ кој поминуваме, не можеме да се израдуваме и да ги одбележиме овие настани како што доликува, сепак станува збор за успеси кои речиси по три децении независност ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина, вели во своето видео-обраќање Пендаровски.