Со денови ги гледам оние трагикомични обиди на СДС и нивните докажани полтрони и сателити во политиката како отворено лажат и ме дискредитираат, како измислуваат и се прпелкаат. Толку изгледа бедно и мизерно нивното поведение што совршено го отсликува мочуриштето во кое се потопени, а во кое царува политиката на ниски страсти, ниски удари и безидејноста која дава одговор зошто и 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори, што е историски најслаб резултат на СДС, на наредните ќе биде недостижна граница затоа што ќе потонат уште подлабоко, вели Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.
-А да кажам збор два и за обвинувањата….
Ве пуштав да се излизгате… прво да изнесе лаги еден сдсовски сателит и советник на криминалното СЈО, во исто време шарен револуционер и познат лажен патриот, па потоа да се надоврзе една пара партиска структура и на крај да излезе изворот на таквите дезинформации, партијата која ја води неврохирургот на Заеви или како што во СДС го викаат малиот на Зоки, Венко Филипче.
Па да ви одговорам по ред.
Прво, СДС вели дека имотот на анкетниот лист е енормно зголемен. Тоа не е вистина и е комплетна лага. Не само што не е зголемен, туку е и двојно помал доколку се направи споредба со тој од 2017та година.
Второ, не постои никакво подарено земјиште … има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС&ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува.
Трето, 7 години бандитите на ДУИ и СДС беа на власт. 7 години водеа политички процес и хајка врз мене и тоа за непостоечки случај за набавка на автобуси, и кога можеа за тоа да водат случај, што мислите колку пати ќе бев затворен доколку е вистина она што сега го говорат?
Да не заборавиме дека само до месец и половина, тие беа баграта која водеше процеси, која судеа луѓе, обвинуваа и прогласуваа за виновни. Ова се криците на истите тие бандите кои нема да не поколебаат во намерата Македонија да ја вратиме на народот.
А сега ќе ви кажам и зошто се исплашени. Затоа што меѓу другото како Генерален секретар на Владата, работејќи од 12 до 16 часа на ден, доаѓам до фрапантни сознанија. Ајде тоа што затекнавме празни канцеларии, без столчиња и услови за работа, туку ќе треба да одговарате и за милионите евра фрлени за софтвери кои не функционираат, за картички кои не работат, за машини за штампање на пластика и документи кои невообичаено се во посед на ГС, за набавка на клима уреди кои се несоодветни за тоа што е потребно, но важно критериумот набавувачот да е од Струмица е задоволен и ред други работи.
Паразити кои ја оставија Владата со затворен главен влез затоа што 2 години не ги сервисирале скенерите и полесно им било да го затворат влезот.
Останете така. ОЈО има работа. А, вие продолжете да измислувате и да се давите во барата, пишува Јанушев на Фејсбук.