Јапонија и Индија за првпат одржаа заедничка воена вежба со борбени авиони, соопшти денеска Министерството за одбрана во Токио.
САД, Јапонија, Индија и Австралија ја формираат таканаречената Квад Група (Quad Group), пренесе ДПА.
Четирите земји сакаат да го прошират својот ангажман во Индо-пацификот, регион каде Кина се обиде да го прошири своето влијание.
Според Министерството во Токио, Индија стана петта земја со која Јапонија одржа ваква билатерална вежба, по САД, Австралија, Велика Британија и Германија.
Јапонските копнени и поморски сили претходно спроведоа заеднички вежби со нивните индиски колеги.