Најмалку 11 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала што ја потресе префектурата Фукуи во централна Јапонија, објави новинската агенција Кјодо. Меѓу повредените има и две деца.
Во исто време, локалните власти предупредија дека може да се случи уште еден земјотрес со слична јачина во Фукуи за една недела.
Во меѓувреме, не се добиени информации за можни вонредни состојби во нуклеарните централи лоцирани во регионот а во врска со земјотресот. Не е издадено предупредување за цунами.