Инженери од мултинационалниот конгломерат „Софт-бенк роботикс“ дизајнираа робот што во продавница, на пр., може да забележи дали луѓето носат маски за заштита од коронавирус… И, ако тоа не е случај, љубезно ги замолува да го сторат тоа.
Се работи за човековидниот робот со вештачка интелигенција – „Пепер“, којшто веќе се користи во повеќе земји. Функционира преку вградена камера со која ги скенира лицата на луѓето кои му приоѓаат.
Па, доколку открие дека долната половина од нивното лице не е покриена, роботот реагира и ги потсетува дека треба да носат маска.
Кога посетителот ќе стави маска, роботот му се заблагодарува.