Владата на Јапонија планира да ја ограничи потрошувачката на природен гас во државата, изјави официјален претставник од Кабинетот во Токио.
Јапонските власти подготвуваат рестриктивни мерки поради стравувањата од можна енергетска криза во зима поради прекин на испораката на руски течен гас.
Во Јапонија е во сила план за ограничување на употребата на електрична енергија. Владата планира слични мерки и за намалување на потрошувачката на природен гас.
-Јапонските власти можно е да побараат од домаќинствата и компаниите да ја ограничат употребата на гас. Но, потрошувачката на гас ќе ја намалат доколку драстично се намали снабдувањето.
Јапонија, која е сиромашна со природни ресурси, е изложена на ризик од енергетска криза, бидејќи влошувањето на нејзините односи со Русија може да доведе до прекин на испораките на руски гас.