Такефуса Кубо или јапонскиот „Меси“, како што повеќето го знаат, е најновиот член на „кралевите“, иако до 2016 година играше за младите на каталонскиот клуб Барселона.
Младиот Јапонец следната сезона ќе игра за резервниот тим на Реал, а во Мадрид дојде од неговиот клуб Токио ФЦ за два милиони евра, а за секоја сезона ќе заработи милион евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барса погрешила од невнимателност па дозволила да и избега Кубо, наводно тие мислеле дека договорот со Јапонецот им е до следната сезона, во агентите на Реал дознале дека на 1 јуни му истекува договорот со Каталонците, па за малку пари го донеле во Мадрид.
Инаку, во последната сезона со Токио одиграл 16 натпревари и постигнал пет голови, а во нивните редови освен шпанските ривали сакале да го имаат и Манчестер сити, ПСЖ и Бајерн Минхен.