Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица, истакна на денешата прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
Два месеци откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај 3-те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на 4-то лице.
Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на 4-тото лице е 51.000 денари.
Пендаровски ги манипулира граѓаните и лажно се претставува за скромен, а всушност бара повеќе од тоа што јавно го изјавуваше.
Пендаровски е истиот како кога беше претседател.
Стево Пендаровски ги менува ставовите по потреба, рече Јаревски.