Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
-Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани. Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат. Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв, рече Јаулески и додаде:
„Насилието мора да запре. Криминалот не смее да биде пракса. Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача – чување на редот и мирот. Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“.