Од  9.30 до 10 часот утре ќе нема струја во тунелите на автопатот кај Демир Капија поради изведување електричарски работи од ЕВН, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Овој тунел стана познат по ланското пуштање во употреба со тапани и чочеци, па кај граѓаните остана називот Чочек – тунел.

Инаку, АМСМ известува дека вечерва сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Слаб снег провејува во Македонски Брод, Буково и на  Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.