Мојата најголема грешка беше учеството во револуција намачкана со триста фарби, онаа шарената. Ја користам оваа прилика јавно да се извинам на целата македонска јавност, пишува во објавата на учесник во тн. шарената револуција, чии последици за Македонија се катастрофални.
– Како и секој човек, така и јас, имам направено многу грешки во животот. Сепак мислам дека најголемата грешка ми беше учеството во онаа револуција намачкана со триста бои, онаа шарената, де. Ја користам оваа прилика да се извинам јавно на целата македонска јавност. Господ на помош да ни е, пишува во извинувањето објавено на Фејсбук, Филип Достовски.
Слично извинување минатата година имаше и глумецот и ексдиректор на Драмски тетатар Сашо Тасевски, кој во подолго обраќање се извини и на македонската јавност и на експремиерот Никола Груевски.
Во меѓувреме и многу други истакнати „шарени револуционери“, „пленумки и пленумци“, тивко и без големи таламбаси, ги сменија боите и преминаа во „комити и комитки“. Некои се на интензивен курс, а некои и положија за „војводи и војвотки“.
Шарената револуција и студентските, професорските, ученичките… пленуми, за тие што подзаборавиле, го рушеа „режимот на Груевски“ за да дојде оваа власт, благосостојбата и нивното „бесплатно здравство низ цела Европа“.
(Д.Г.)