Денес помина моето соочување со тужителот, ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, во предмет тужба за клевета и навреда против мене, на тема АД ,,ГАМА,,. ПРЕМИЕРОТ дојде, а не дојде граѓанинот ЗОРАН ЗАЕВ, пишува новинарот Зоран Божиновски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Иако тужбата ја поднел граѓанинот, иако лично е навреден, на суд дојде со седумчлена телесна придружба и со адвокатот МИКИ ВУИЧ, дојде со службено возило, со оној мерцедес купен од чудовиштето од Будимпешта, денес довезен пред суд противзаконски…

На почетокот на соочувањето судијката се обиде да ја исклучи јавноста поради некакви здравствени протоколи. Се обиде да ја исфрли од судница мојата сопруга ПАНДА СОЛУНЧЕВСКА, ЉУПЧО СТОЈАНОВСКИ ЦРНИОТ, ДЕЈАН РИСТЕСКИ (трикратно исфрлен од ТЕЛЕКОМ во режија на ЗОРАН ЗАЕВ!), имаше новинари од ТВ СИТЕЛ и РЕПУБЛИКА, а присутен беше и ИЛИЈА МАКСИМОВСКИ, слободен новинар/истражувач, дописник на медиуми од странство…

На обидот да биде исклучена јавноста си станав, напуштив со сите нив, на судијката патем и објаснив дека по ЗКП е должна да обезбеди услови за присуство на сите заинетересирани и дека јас нема да присуствувам ако тоа не биде сторено бидејќи сум тужен за текст кој сум го објавил во интерес баш на јавноста. Нагласив и дека е ова суСвото кое го реформира присутниот ПРЕМИЕР па немаме услови за судење…

Настана вознемирување кај судијката и сите присутни, па за кратко бевме известени дека ќе се преселиме во поголема сала на третиот кат, што и се случи…

Соочувањето со ПРЕМИЕРОТ помина во обид на мојот адвокат САШКО СТАНИНОВ и мој обид да го прашаме ПРЕМИЕРОТ, ама постојано упаѓаше неговиот адвокат ВУИЧ, со приговори до судијката да не ги дозволи прашањата. Таа ги уважи неговите приговори, па СТАНИНОВ и јас бевме оневозможени од судијката да го прашаме ПРЕМИЕРОТ.

Затоа на судот ги предадов сите материјали врз основ на кои е пишуван спорниот текст за кој сум тужен, околу 2.000 страници, а предадов и два УСБ стика, на кои се две аудио снимки:

Едната е разговор од сетот ,,бомби,,, помеѓу МИРОСЛАВ ВУИЧ и ЉУПЧО ШВРГОВСКИ, од кој се слуша на кое ниско ниво и вулгарно разговараат за жени, меѓу кои и за ,,еден авион од 22 години, за кој вреди секој потрошен грам СПЕРМА). Оваа снимка ја предадов на судот затоа што на второто рочиште од ова судење, ВУИЧ со инсерт од наша приватна вибер комуникација се обиде на судот да ме претстави како вулгарен, некултурен и безобразен. Дадов снимка за да слушне судот колку е ВУИЧ заедно со ШВРГОВСКИ, културен, невулгарен и небезобразен…

Втората снимка е онаа од ручекот на АЛЕКСАНДАР ВЕРУШЕВСКИ, син на ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ, со ЗОРАН ЗАЕВ во хотел ПАРК. во август 2016 година. Тема е посредништво на АЛЕКСАНДАР, за договор на САШО МИЈАЛКОВ со ЗОРАН ЗАЕВ, за до ден денес да ни се случува оваа несреќа која ја живееме. Таа снимка во 18 часот јавно ќе ја емитувам, заедно со објава на ТРАНСКРИПТ од истата, за да имате можност и да чуете и да читате КАКОВ ЧОВЕК Е ЗОРАН ЗАЕВ и КОЛКУ Е ДОСТОЕН ДА ЈА РАКОВОДИ ВЛАДАТА, па и СДСМ истовремено…

Инаку, судијката ме праша: ,,Што занчи насловот на текстот за кој сте туже, ЗАЕВ КАПУТ?,,

Одговорив дека ви притвор во ШУТКА е многу ладно, слабо греат, да си понесе КАПУТ како иден притвореник, затоа што договорот за ,,ГАМА,, реализиран преку предлог закон во скратена постапка сред кризна состојба е ЕКВИВАЛЕНТ НА КИНЕСКИТЕ КРЕДИТИ од кои ЧУДОВИШТЕТО наплатило провизија и кривично е гонето! Истото го чека ЗОРАН ЗАЕВ, па во ШУТКА ЌЕ МУ ТРЕБА КАПУТ!

На крај се заблагодарив на судијката што и денес суди во суд во кој секаде над судиите на ѕидот стои амблем на кој пишува РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, наместо РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА која не е моја земја…

Ако тоа е воопшто битно, денес ниту на влегување во судот, ниту на излегување, НИТУ ЕДЕН НОВИНАР, ОД НИТУ ЕДЕН МЕДИУМ – НЕ ПОБАРА ИЗЈАВА ОД МЕНЕ! Дали не смееја или све им е јасно, пак е сосема небитно.

зоран заевбомб