БЕЗ БЛОКАДИ: Хан бара мнозинско, а не едногласно одлучување во ЕУ во надворешната политика

/ 11.06.2018

 

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан се изјасни за мнозинското донесување одлуки во надворешната политика на Европската Унија.

Тој во синоќешната дискусија на австриската државна телевизија ОРФ „Во центар“ рече дека во спротивно ЕУ никогаш нема да стане глобален играч.

Хан нагласи дека ако се задржи системот на едногласно донесување одлуки околу се и сешто, ЕУ никогаш нема да може да биде делотворна и конкурентна со некои други играчи како што е Кина.

Европската комисија, според него, на есен ќе предаде предлог за преминување од принципот на едногласно донесување одлуки на мнозински систем за гласање.

Хан нагласи дека примерот на американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажува оти ЕУ нема природен сојузник, туку само партнери и дека мора да се потпре сама на себе.


Од истата категорија