Со дабл-дабл ефект од 32 поена и 12 скока, Никола Јокиќ ноќеска го предводеше Денвер нагетс до почетна победа 114:103 над Лос Анџелес лејкерс во првото коло од НБА плејофот.

Во гостинската екипа најефикасни беа Ентони Дејвис со 32 и Леброн Џејмс со 27 поени.

Резултати на другите три натпревари досега завршени од 1.коло:
Њујорк – Филаделфија 111:104
Кливленд – Орландо 97:83
Минесота – Феникс 120:95.

Се игра до четири победи.