Иван ЈОРДАНОВ
Како резултат на недостигот на тестови за детекција на вирусот, редица од граѓани со симптоми чекаат да бидат тестирани и соодветно третирани.
Ова е една од причините за високата смртност кај нас. За жал, ова не е прв случај на можен пропуст од страна на надлежните. Постојат индиции дека пред два дена како резултат на недостиг на кислородни боци, починаа тројца пациенти на Клиничката Болница во Штип.
Затоа повикуваме Јавното обвинителство да покрене истрага…
Повикуваме надлежните институции да проверат дали причина за смртта на лицата е поврзана со овие пропусти на менаџментот на болницата.