Шок доживеале вработените во Агенцијата за иселеништво на Македонија откако пред неколку дена добиле циркуларен меил во кој од заменик директорот добиле чудна забелешка.

Како што објави порталот Имфомакс, заменик директорот на Агенцијата, Измит Нура побарал од вработените да ги отстранат сите крстови, икони и национални симболи од своите канцеларии.

„По барање на заменик директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Измит Нура, ве замолувам да ги тргнете од канцелариите сите национални и верски артефакти. Ви благодарам за соработката“.

Функционерот на ДУИ Измит Нура претходно беше директор во Агенција за млади и спорт, а негото име за прв пат ја разбранува јавноста кога се пофали дека гласал на предвремените избори на Косово. Нура е екс член на 112 бригада на ОНА Мујдин Алиу, а на социјалните мрежи редовно споделува фотографии од војната.

Според Уставот на Република Македонијас се гарантира слободата на вероисповеста и се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Извор: Инфомакс