Проблемите на Бугарија со С. Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова.
– Нашите проблеми со РС Македонија денес се резултат и на немањето национална политика за нашите сонародници во странство. Односите ни се сведоа на издавање бугарските пасоши таму, без зголемување на влијанието на Бугарија, дури и по потпишувањето на Договорот за добрососедство, оцени Јотова.
Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалиситчка партија (БСП), Бугарија не воспоставила никакво лоби меѓу нејзините европски партнери во одбрана на „издржаната и едногласна бугарска позиција“.
– Немаме лоби во научните славистички кругови. Не ги обновивме и не отворивме нови лекторати на бугарски јазик, за разлика од постојните македонски, додава Јотова во објавата.