Владо ЈОВАНОВСКИ

Ослободете ги невино затворените луѓе!

Ослободете ѓи македонските патриоти, кои се бореа за слободна, независна и унитарна Македонија!

Македонија, како заедничка куќа на сите граѓани и народи кои живеат во неа, но и на Македонците.

Ослободете ги тие Човеци, кои се бореа и за вашата слобода и за вашето правото да бидете свои на своето – Македонци во Република Македонија!

Ослободете ги тие кои не сакаа да им биде избришан идентитетот, името, јазикот, историјата, културата, фолклорот, преданијата, меморијата, востанијата…!

Ослободете ги Тие, кои не сакаа да им бидат избришани предците и гробовите нивни!

Ослободете ги невино затворените маченици од настаните на 27 април 2017 година!

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ!

Ако ги ослободите, барем малку ќе си ја олесните совеста, ако ја имате,

или барем ќе ја подзаплакнете, за на оној свет, како алиби…

Демек, еве нешто и добро направивме.

Ослободете ги од монструозниот член 313. (терористичко загрозување на уставниот поредок….)

На која држава?

Како се вика државата сега?

Што остана од идентитетот и од достоинството на македонскиот народ?

Зошто овие патриоти се’ уште се обвинети и страдаат заради тој член?

П.С.

“…Насилниче, чувај се од силата на врзан човек…”!