Руските дипломати кои беа прогласени за персона нон грата од властите во Македонија си заминаа од земјава.
За ова на својот Фејсбук профил објави Ленин Јовановски во објавата под наслов „Ги испративме протераните“:
– Овие руски дипломати и нивните семејства се NON GRATA за македонските власти, а за нас секогаш ќе бидат добри луѓе и наши пријатели без разлика на околностите. Безбедно ги спроведовме до македонско-српската граница, им посакавме добар пат, здравје, успех, среќа и да се видиме повторно во некој подобри времиња, пишува Јовановски во неговата објава.
Како што е веќе познато, македонските власти, во неколку наврати протераа повеќе руски дипломати ов Македонија, со обвинение дека „тие во земјава не работеле според соодветните меѓународни конвенции“ и „имале активности кои излегуваат од тие рамки“.
Видеото од испраќањето може да го погледнете ТУКА.