Вие лично го испративте Кичевскиот да го снима Мицкоски, а тој како докажам сервилен лигуш се правеше како што ќе му наредевте, но за волја на вистината за возврат си добиваше многу работи за кои ќе зборуваме во друга прилика! Имам јас уште многу да кажам за фантомот Зоран Милевски Кичевскиот и за фамозната LV торба, полека ќе дојде време!, пишува Боки 13 во отоврнеоот писмо до Зоран Заев.
Во него, меѓудругото се вели:
Одговорете дали ми имате испратено порака на апликацијата What’s app со следна содржина: Дали СМ (Сашо Мијалков) ќе гостува во телевизија и дали ќе повика за референдум? Оваа порака ми ја испративте додека јас бев на ручек со Мијалков во хотелот „Мериот“ (месец Јуни 2018), со кој договарав и преговарав за телевизиско интервју во 1ТВ, а подоцна по ваш налог почнав да преговарам за референдумското прашање, за делувањето на Мијалков против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и јавните писма против Мицкоски?!?!
Вие точно знаете дека Мијалков прво на мене ми ги испраќаше писмата кои подоцна ги пласираше во јавност против Мицкоски? Да појаснам, прво вие со лицето Сашо Мијалков имавте посредна комуникација преку извесно лице по име Столе, па потоа посредната комуникација се одвиваше преку мене за на крајот да имате лична и директна комуникација! Елем, се сеќавате ли што се договоривте со Мијалков откако ја започнавте вашата лична комуникација? Ви бараше ли Мијалков да му завршите работа за да му биде вратен пасошот кој му беше одземен по барање на СЈО?! Се сеќавате ли дека се договоривте со Мијалков за кои предмети ќе биде осуден (поради јавноста)?!
Се сеќавате ли како и се деревте на Катица Јанева што ги притворила Камчев и Мијалков за случајот ИМПЕРИЈА, месец ноември 2018? Бевте избезумен поради тоа што токму тие двајца ви ги обезбедувале потребните пратеници за гласање на уставните измени?! Се сеќавате ли дека на денот на притворот на Камчев му се јавивте на Иван Џолев за да ја отворат гаражата од судот да не биде Камчев фотографиран и снимен како е носен во кривичен суд по повод притворот за ИМПЕРИЈА?! (не постои ниедна фотографија или пак снимка од Камчев кога го доби притворот за Империја, аналогно на ова само Цветан Панделевски беше фотографиран и снимен). Се сеќавате ли колку пати беа во вашиот кабинет Зоран Милевски Кичевскиот и Камчев уште летото пред да биде отворен предметот ИМПЕРИЈА?! Одговорете јасно што се договаравте со Јордан Камчев кој за вас во еднаш тогаш дадено интервју кажа дека сте најдобриот премиер што го имала нашата држава.
Дали вечерта додека се одлучуваше за притворот на Камчев по предметот ИМПЕРИЈА и се јавивте лично на судијата Весна Димишкова да и влијаете да не одреди притвор туку други мерки и за возврат и ветивте повисока судиска функција?! Овој одговор го има во податоците во мојот телефон!!!
Одговорете сега кои се тие ваши заеднички, ваши и на Камчев, бугарски пријатели кои ја организираа операцијата наречена РЕКЕТ, која беше извршена од Русковска и со која операција е нарушен суверенитетот на државата?! Кажете во какви бизнис релации сте со тие лица од соседна Бугарија и колку нечисти пари имате избројано, па сте им должни по повеќе основи?!