Така што, Зоки, доста ги лажете луѓето, никој не ви верува, дури ни оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат, не ви веруваат! Доста веќе со замајување и со платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец. Меѓу другото за волја на вистината и мене ме раководел истиот тој Марјан Забрчанец додека постоеше 1ТВ, па така на дневно ниво по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер!, вели Бојан Јовановски во дел од отворено писмо до Зоран Заев објавено денеска.

„Е тоа се вашите методи, но полека, ќе стигнеме до секоја точка што мораме да ја разјасниме во ова писмо! Комуникацијата помеѓу мене, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски, тогашен некаков министер за транспарентост и отчетност, се одвиваше на What’s app апликацијата, а јас не сум избришал ништо, од комуникацијата може да се види бруталната злоупотреба на медиумите за потребите на власта, за твоите лични потреби господине Заев, за спас на твоите политики“ истакнува Јовановски во писмото, кога станува збор за однсопт на власта кон 1 ТВ во која работеа Јадранка Костова, Александар Чомовски, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски и другите „ѕвезди“ на „слободното“ македонско новинарство.

Целата содржна писмото во подолниот линк