Јавниот превоз денеска ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Како што соопшти ЈСП, отворени од 7:30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Јавниот превоз утре ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

Од 7:30 до 13 часот, утре, ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

2020-05-09