Манчестер јунајтед започна преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред Бруно Фернандеш, објави новинарот Николо Шира.
Според новинарот, двете страни разговараат за продолжување на договорот со 26-годишниот Португалец уште од минатата недела. Се планира новиот договорот да биде со важност до крајот на јуни 2026 година.
Вчера, на првиот натпревар на Јунајтед во сезоната 2021/22, Фернандеш постигна три гола против Лидс (5:1).
Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2025 година.