Господинот П или Mr. P, е Италијанец на 101 година кој преживеал две епидемии, во 1918/1920 година го победил шпанскиот грип, а денес и коронавирусот.
Неговото закрепнување им дава надеж на многумина.
Италија е најпогодена земја од пандемијата, но надеж даваат убавите вести како оваа за 101-годишниот дедо од Римини, кој закрепнал по заболувањето од коронавирусот.
Господин П бил пуштен од болницата по една седмица откако бил примен.
Заменик градоначалничката на Римини Глорија Лиси вели дека Господин П го преживеал и шпанскиот грип кој во периодот 1918/1920 година бил причина за смртта на најмалку 50 милиони луѓе во светот.
Постарите луѓе се особено ранливи од коронавирусот, па оваа вест им дава надеж на сите, додава Лиси. Но, таа предупредува дека тоа не значи оти не треба да се внимава и дека мерките мора строго да се почитуваат.