Во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје е регистрирано едно лице позитивно на Ковид-19.

Од ЈСП информираат дека инфицираното лице навремено е хоспитализирано и посочуваат дека не бил во контакт со колегите повеќе од две недели со оглед на примената на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.

Лицето, како што соопштуваат од ЈСП, не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица.

Оттаму информираат дека уште пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.