По однос на  цената на тестовите з овид 19 за кои ФЗо наплатува по 4 950 денари, додека во Жан Митрев Клиниката се плаќа 1 500 денари, а од вчера во Систина по 1 200 денари, Министерството за здравство објаснува:

„Цената на набавката за тестовите е 1200 денари од тест. Министерството ги набави овие тестови во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена. Сумата од 4950 е цена по која Фондот за здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени и платите на луѓето и сите други трошоци на Институтот како одржување на опрема и сл. За пресметка на оваа цена има јасна методологија по таканаречени Дијагностички сродни групи – ДСГ (DRG method) која се пресметува вредноста на услугата во Фондот. И по оваа методологија се пресметуваат сите услуги кои ги плаќа Фондот ги купува од јавно здравствените установи обезбедувајќи бесплатно здравство за граѓаните.“

По ова објансување повторно останува нејасно следното: дали ова знали дека Клиниката Жан Митрев и Систина во цената од 1 500 денари односно од 1 200 денари по тест немаат вкалкулирано плати ан вработени, земањето брис, одржување на опрема и сл.?