Претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер му порача на италијанскиот премиер Џузепе Конте дека мора да ги намали државните расходи за околу 4,5 милијарди евра за да избегне воведување на санкции.
– Тоа би значело намалување на буџетскиот дефицит за следната година од 2,4 на 1,95 отсто, потенцира Јункер.
ЕК одби да ја коментира пораката на Јункер до Конте, само потврди дека двајцата „имале уште еден добар состанок“.
Во италијанскиот Парламент се уште трае расправата по разни амандмани за буџетот за следната година.
ЕК тврди дека Италија мора да го намали буџетскиот дефицит во согласност со прописите на еврозоната. Италијанскиот долг е втор по големина по долгот на Грција.