Општо познат факт е дека политичарите понекогаш губат контрола. Всушност, не понекогаш, туку често. Или почесто. Или најчесто.
Тоа беше забележано и во Брисел кога претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер се тетеравеше по скалите, па неколкумина политичари, меѓу кои и Зоран Заев му помагаа во состојба која е оквалификувана како пијанство.
Медиумите прво се запрашеле да не му се слошило на Јункер, но во тој случај би била повикана лекарска помош, а такво нешто не се случило. Наскоро на сите се им станало јасно кога виделе дека сите останати ја вртат главата настрана за да не бидат видени дека се потсмеваат.
Потоа дознале и дека Јункер, кој инаку е познат како љубител на добрата капка, рекол оти има ишијас и дека тоа често влијае на неговото движење.
Португалскиот премиер Коста исто така рекол дека Јункер се жалел на болки во грбот.
Од кабинетот на Јункер не сакале ништо од ова да коментираат велејќи дека станува збор за приватност која е заштитена.
Инаку, Јункер најмногу сака француски коњак „куровоазие“, а исто така познато е и дека е страстен пушач.