Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија доцна поплднево допатуваа во Лондон во посета која не се третира како официјална, но сепак, свечената гарда беше построена за претседателот на САД.

Трамп слета на Станстид аеродромот. Околу него се наоѓаат околу 1.000 лица само од неговиот тим. Во долгата колона возила доминантен е кадилакот наречен „ѕвер“ блиндиран за заштита и од хемиско-билошки напад. Над Лондон десетици хеликоптери постојано кружат како дел од една од најмасовните акции за обезбедување на еден државник.

Претходно тој во Брисел на прес-конференција на прашање дали се плаши од масовни протести, кои веќе се одржуваат во Лондон, рече: „Мислам дека тоа е добро. Многу луѓе таму ме сакаат. Мислам дека се согласуваат со мене околу имиграцијата. Затоа, сметам дека и се случи Брегзитот“.

Иако не станува збор за официјална посета, сепак Трамп е Трамп и тој добива достоен протокол. Не само што е построена почесната гарда, туку утре сабајле ќе оди на чај кај кралицата Елизабета Втора во Виндзор. Гала ручек ќе се приреди во Палата Бленхајм, како и ручек со премиерката Тереза Меј. Трамп ќе отседне во амабасадорската резиденција во Ригент Парк. Местото е обезбедно со сосема нови челични огради, како превенција од евентуален терористички напад. Во прехтодните денови специјалци ги заваруваа сите шахти и се чешлаше секоја педа земја.

Во сабота Трамп оди во Шкотска да игра голф во еден од неговите ризорти, а во Абердин веќе го чека неговиот син Ерик.

Нењговите пораки и на прес=конференција и преку Твитер сите ги чекаат, особено неговата оценка за Самитот на НАТО во Брисел, за Брегзитот, но и за односите со Русија пред средбата со Владимир Путин на 16 јули во Хелсинки.