Хрватскиот весник Јутарњи лис објавува дека поседуваат информации дека премиерот и минитерот за внатрешни работи се обиделе да го сокријат и заташкаат убиството на ракометарот Денис Тот.
Тие, како што пренесе Република, се повикуваат на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кој прв проговори за можен обид да се скрие претепувањето на ракометарот на Бутел.
-Сомнителните околности околу смртта на младиот хрватски ракоментар, односно службените изјави за оваа трагедија кои претходеа на резултатите од обдукцијата и кои будат сомнеж за затскривање на случајот, станаа тема на политичка пресметка во Македонија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ така ја прозваше и ја обвини владата, односно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека пробувал да го прикрие случајот со убиството на Денис, пишува хрватскиот дневен весник.